Заеднички контроли на полицијата со пазарните инспектори во менувачници на Бит Пазар, во две констатирано незаконско работење

policija-avtomobil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчера извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.

– При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.


Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK