– Во текот на изминатата вечер во периодот од 22:00 до 4:00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата, како што информира МВР, санкционирани се 27 возачи. Од нив по пет на територија на Битола и на Македонски Брод, шест во Прилеп, седум во Ресен и четири во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат акциските контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за како што велат, заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.