За неносење заштитна маска изречени 407 санкции 


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се  407 прекршоци.



Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.