Возило удри во метален столб, возачот е тешко повреден



 

По полноќ на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Панче Пешев“ во Струмица, С.Г.(26) од Струмица, управувајки моторно возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.