Возило излетало од патот Охрид-Кичево, повредени неколку лица

soobrakajka-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 08.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу село Врбјани и село Сливово, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Б.М. од село Долно Свиларе, скопско, излетало од патот, извести МВР.


– По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза, а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајацта од с.Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK