Во вчерашното пукање на Бит Пазар повреден е А.Ш.(42) од Скопје


На 09.11.2019 околу 20.00 часот во СВР Скопје била пријавена кражба на ул.„192“ на Бит Пазар. Во текот на кражбата бил испукан проектил од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники за укажување на лекарска помош, каде му била констатирана телесна повреда на стапалото и бил пуштен на домашно лекување. Возилото во кое е извршена кражбата е обезбедено.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]

Вести

Едно обвинение помалку за Груевски, „Траекторија“ му застаре

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и […]