– Во спроведена акциска контрола во угостителски објекти на поширокото подрачје на Тетово и Гостивар, на 08.07/09.07.2023, во периодот од 23.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово откриле вкупно 11 прекршоци за точење на алкохол на малолетници и тоа пет во Тетово и шест во Гостивар, како и 18 останати прекршоци.
– Воедно во два угостителски објекти во Тетово, по извршено мерење со уред фонометар, констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница. За сите констатираните неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции, соопштија денеска од МВР.