Во тешка сообраќајна несреќа едно лице почина а две се тешко повредени

На 11.06.2019 година во 03.40 часот на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело. Притоа, возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во  Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Вести

Работните групи не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор. Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив […]

Вести

Јовановски излезе без исказ од ОЈО, но со решение за завршена истрага

Првоосомничениот во предметот „Рекет“ на ОЈО, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска по еден час разговор во Обвинителството не даде исказ. Неговиот адвокат Сашо Дуковски смета дека Јовановски сакал да даде исказ но, според него, […]

Вести

Верушевски: Документацијата за прислушуваните разговори беше во СДСМ

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина“ изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во […]