Во сообраќајна незгода тешко повредена 16-годишна патничка


На 20.09.2020 во 18:50 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С. од с.Ново Село, општина Боговиње, во кое сопатници биле Е.С.(19) од с.Ново Село, Њ.Л.(18) од с.Мала Речица и 16-годишна малолетничка од Тетово, патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. од с.Палатица, во кое сопатник бил малолетник од с.Палатица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(38) од Тетово. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 16 годишната сопатничка од возилото „опел корса“, која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Останатите учесници во незгодата се здобиле со трелесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

 


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*