Во сообраќајна несреќа возач на мопед се здобил со тешки повреди


На 13.06.2020 во 20.20 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Мице Козар“ и „11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на незгодата и мопед „хамачи“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.Т.(43) од Прилеп. Во негодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.