Во сообраќајка тешко повредена девојка од Марино




 

Тешко повредена 23-годишна девојка од село Марино, Скопско, во сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на локалниот пат с.Кадино – с.Миладиновци, Скопско.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „фиат пунто“, што го управувала Љ.А. и камион, управувано од Ќ.К.(56) од Куманово.

Во незгодата Љ.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.