Во Скопје санкционирани 311 возачи, 130 за пречекорена брзина, 49 мотоциклисти


Продолжуваат засилените сообраќајни контроли, 376 санкции во Скопје - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – Министерството за внатрешни работи информира  дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 311 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 17.


 

Сообраќајната полиција санкционирала и 49 санкционирани мотоциклисти, а привремено одзела и едно возило.

За непрописно паркирани возила биле изречени 73 мерки и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.ир/