– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет санкции за некористење сигурносен појас при возење, пет мерки за користење мобилен телефон при возење…
МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.