Во Скопје 154 сообраќајни прекршоци, 46 за брзо возење


– Во акциска контрола на полицијата од областа на сообраќајот изречени се 154 санкции на територија на Скопје од кои 46 за брзо возење и три за возење под дејство на алкохол.


 

Изречени се и 15 санкции за возење без возачка дозвола, пет за користење на мобилен телефон, 14 санкции за непрописно паркирање и три за нерегистрирани возила. Триесет и два прекршока се регистрирани и кај возачите на мотоцикли.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека контролата е направена во текот на вчерашниот ден и најави дека контролите ќе продолжат со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.