Во Штип казнети 44 возачи за пребрзо возење


– Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, вчера во период од 09:00 до 15:00 часот, спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената.



Министерството за внатрешни работи информира дека за време на полициската акција биле санкционирани 44 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, а констатирани се и 16 други видови прекршоци. На сите возачи им се изречени соодветни санкции.