Во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен


Во Скопје приведени двајца осомничени крадци - МИА

На 15.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари. Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во нас.Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.