Во „мерцедес“ кај Желино пронајден кокаин



 

На наплатната станица кај Желино, денеска тетовската полиција сопрела автомобил „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кој биле пронајдени пакувања со кокаин.

Во автомобилот биле Х.И (31) од гостиварското село Градец, С.Б (31) од Градец и А.Ш. (32) од Гостивар.

Лицата биле приведени во СВР Тетово и против нив ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово.