Во Липково санкционирани 48 возачи


Спречена кражба на музички инструменти во Берово - МИА
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.
-Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата,  апелираат од МВР.

 



Засилена акциска контрола во оваа општина имаше и вчера и беа санционирани 56 возачи.