Во Карпош приведен разбојник баран за пет кривични дела



ript>


 

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи во Карпош, во вечерните часови на 17 ноември, на подрачјето на оваа скопска општина го уапсиле 30-годишниот И.Р. од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“.

Како што информираат од МВР, тој се товари дека делата ги извршил во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари, а имал и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош.

При извршен разговор, приведениот ги признал споменатите кривични дела, а се работи на расчистување и на други злодела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.