Во Гостивар се судриле мопед и полициско возило

1692526653_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечерта во 22.00 часот во Гостивар, во населба Фазанерија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д.(45) од Гостивар, и патничко моторно возило „тојота“, сопственост на МВР.


По несреќата, возачот на мопедот А.Д. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK