Во годината на Ковид пандемијата двојно помалку сообраќајни несреќи во Гостиварско


– Минатата година по сообраќајниците низ Гостиварско биле регистрирани 226 сообраќајни незгоди. Тоа за 99 помалку во споредба со претходната 2019 година.



Од СВР Тетово информираат дека значително е помал и бројот на сообраќајки со тешко повредени (36) и со телесно повредени лица (66). Во незгодите четири лица ги загубиле животите од повреди.

Нешто повеќе од половина од регистрираните незгоди (120) завршиле со причинета материјална штета, а меѓу повредените најбројни биле возачите.

Според локацијата, најголемиот број од ланските незгоди (133) се случиле во населено место, а 93 се евидентирани на отворен пат.

Најчести причини за сообраќајните незгоди, особено оние со посериозни последици се неприлагодена брзина според условите на патот (55), неправилно вршење на дејствие (36), недавање првенство (26) и недржење страна (22).

Во 2020 година имало и 13 незгоди предизвикани од животни, претежно од бездомни кучиња и тоа најмногу на автопатот „Мајка Тереза“ (Гостивар-Тетово-Скопје).

Кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на гостиварското пoдрачје, вкупно санкционирани и подигнати од Пајак-службата биле 230 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје, на улиците „Браќа Ѓиновски“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“ и „ЈНА“ .