Во дворот на тетовскиот затвор вработен нашол марихуана



 Тетовските полициски инспектори започнаа истрага за најдена марихуана во дворот на тетовскиот затвор. Дрогата ја нашол еден од вработените, па пријавил во СВР Тетово.


 

– Вчера околу 18:30 часот, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ во СВР Тетово пријавил дека во кругот на установата било пронајдено најлонско ќесе со марихуана, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Ќесето е подигнато за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.