Во Драчево за еден ден казнети 166 несовесни возачи



 

Полицијата во текот на вчерашниот празничен ден спроеде засилени сообраќајни контроли на територијата на Драчево.

Kaко што информираат од МВР, изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека зсилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.