Во дом на велешанец полицијата пронајде и одзема хероин, марихуана и таблети



Полициски службеници од СВР Велес синоќа  го лишиле од слобода 35 – годишниот К.Р.  од Велес, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и таблети,информира портпаролот Верољуб Додевски.


 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.