Во Центар 88 санкционирани возачи, 14 без возачка 


 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Центар изрече вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции.



За технички неисправни и нерегистрирани возила изречени се пет санкции, а седум за користење мобилен телефон. Од МВР информираат дека се изречени 10 мерки за управување под дејство на алкохол, шест за непрописно паркирање.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.