Во Центар 126 санкционирани возачи, 19 без возачка дозвола


– На територијата на Општина Центар вчера изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, а 14 за непочитување на брзината на движење.


 

МВР денеска соопшти дека се изречени 13 мерки за возење под дејство на алкохол, три за нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението од МВР и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот