Во Битола лишени од слобода скопјанец и битолчанец кај кои е пронајдена марихуана

marihuana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Битола од дворно место на училиште во Битола ги лишиле од слобода В.Д.(38) од Скопје и П.Х. (37) од Битола затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го привеле и В.Р.(40) од Битола затоа што при претрес во неговиот дом на ул „Коста Абрашевиќ“ во Битола, пронашле и одзеле марихуана.


По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера на место викано „Елски лозја“ од лицето З.М.(56) од Ресен, поради прекршок по Закон за шуми, одзеле трактор марка „ИМТ“ и приколка натоварена со огревни дрва без соодветна документација.

Исто така во текот на вчерашниот ден од полициски службеници од ОВР Ресен на место викано „магацините“ во атар на село Болно, Ресенско пронајдени се патничко возило марка „шкода фелиција“ без регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва и моторна пила.

– Предметите се одземени и се предадени на Шумска полиција во Ресен за понатамошна постапка, соопштија од СВР-Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK