Во Ауди најдена марихуана


На 25.02.2021 околу 23.00 часот на локалниот пат Пирок-Раковец, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ј.(28) од тетовски Пирок и Ш.С.(24) од тетовско Синичане. При нивен и преглед на возилото „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое тие се наоѓале, била пронајдена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.