Ученик од ДСУ “Браќа Миладиновци” прободен со нож!


На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А.Б.. (17) од с.Вражале со нож му нанел повреда на Р.Д.(18) од село Батинци, скопско. Р.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.


 

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.