Уапсени тројца велешани


На 27.02.2021 во 12.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.О.(27,) А.Р.(30) и Л.Р.(31), сите од Велес, поради сомнение дека од 11.00 до 12.00 часот со употреба на тврд предмет и физичка сила извршиле кражба на повеќе предмети од магацин на „Железници на Република Северна Македонија“, на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес. Украдените предмети биле пронајдени и одземени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.