Уапсени две лица поради напад со остар предмет


На 28.11.2019 околу 21.45 часот во близина на угостителски објект на ул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(30) и В.Т.(21), и двајцата од Скопје, поради тоа што по претходна расправија, го нападнале со остар предмет В.А.(39) од Скопје. По настанот В.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 


Вести

Утре почнува Економскиот форум во Давос

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е […]

Вести

Гутереш за Либија: Да се реагира неодложно и одлучно

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да се спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот […]

Вести

Средба Ердоган – Путин во Берлин

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија што се одржува во Берлин, се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Ердоган се обрати во делот на состанокот […]