Вчера на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода 36-годишната Е.Б. од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, извести МВР.
Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.