Вчера во 20.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје полициски службеници го привеле 57-годишниот Е.Ш. од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна, извести МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.