Уапсен кичевчанец бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеник


Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење - МИА

На 08.06.2021 во 23.50 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Х.М.(32) од кичевското село Стрелци затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. Притоа, кај него бил извршен преглед и била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот  против него биде поднесена соодветна пријава.