Уапсен И.Б.(48) од с.Равен, гостиварско


На 18.02.2020 во 14.30 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од с.Равен, гостиварско, поради сомнение дека околу 10.00 часот извршил разбојничка кражба на ул.„Панче Поповски“, во непосредна близина на големиот пазар во Гостивар. Според пријавеното, И.Б. со закана со остар предмет од паркирано возило „форд транзит“ му одзел пари на М.Х.(18) од Скопје, кој се наоѓал во возилото, а потоа го напуштил местото. Извршен бил увид на местото, а И.Б. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба - МИА
Вести

Од 16:00 часот стартуваат дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните

 Скопје, 8 април 2020 () – Дополнителните мерки за ограничување на движењето на граѓаните согласно Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата […]