Уапсен албански државјанин баран со меѓународна потерница

Полициски службеници на граничниот премин „Ќафасан“ синоќа уапсиле државјанин од Република Албанија кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол Германија.

– Синоќа во 18:20 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(31) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека се наоѓа на стоп листа со мерка „апси“, по меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР во денешниот билтен.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn