Уапсен 25-годишен кумановец осомничен за кражба во семејна куќа


 – Кумановската полиција уапси 25-годишен кумановец, кој е осомничен дека крадел апарати за домаќинство и предмети од семејна куќа во Куманово


 

Како што соопшти денеска СВР Куманово, полицијата ги пронашла укредените предмети кај друго лице.

– Вчера во 19:50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р. (25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 20 септември, годинава од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот. Е. Р бил приведен во полициска станица, соопшти СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.