Уапсен 16 годишен малолетник од Тетово


На 23.01.2021 во 14.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово  од слобода е лишен 16 годишен малолетник од Тетово, постапувајќи по претходна пријава во 13,50 часот од Д.К.Ш.(39) од Тетово за постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „телесна повреда во семејно насилство“ и напад на полициск службеник при вршење на работа од безбедноста. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.