Тројца турски државјани на аеродромот во Скопје прикажале лажен негативен тест на Ковид-19


– Тројца државјани на Република Турција денеска заработија обвинителен предлог за кривично дело фалсификувана потврда за негативен тест за Ковид-19.


 

Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

-На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории, се наведува во соопштението на Обвинителството.