Вчера попладне во 14.00 часот во Полициската станица Центар, 48-годишниот Б.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник, извести МВР.
– На 09.11.2023 во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 19.40 часот во Полициската станица Чаир, В.В.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Манџуков“ била касната од куче скитник, додаваат од МВР.