Тројца малолетници повредени во тепачка во автобус


Тројца малолетници денеска се повредени во тепачка што се случила во автобус број 56. Едно од повредените момчиња на возраст од 16 години се здобил со повреди од остар предмет и е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а другите две момчиња се здобиле со повреди и се пренесени во Градската општа болница „8 септември“.


 

МВР потврди дека имало нарушување на јавниот ред и мир, а случајот е пријавен околу 13:30 часот.

Полициски службеници од СВР Скопје  се излезени на терен и вршат увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.