Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Три лица се здобиле со тешки, а 10 со лесни телесни повреди во шест  од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 23 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила, еден почетник и 13 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање, полицијата издала 73 мерки, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 47 возила.

Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Полицијата санкционирала и 15 возачи поради тоа што не носеле сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и 26 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на мототрни возила.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]