Тешка кражба во џамија


На 24/25.02.2018 година непознати сторители извршиле “тешка кражба“ во џамија лоцирана на ул. “Радован Цончиќ“ во Тетово.


 

Тие насилно го отвориле прозорецот и вратите од неколку простории. Од фиока од работна маса во благајната одземени се помала сума денари, 20 швајцарски франци, како и мала метална каса во којашто се наоѓале повеќе документи околу изградбата на објектот.

Извршен е увид на лице место, при што е утврдена вкупна имотна корист од 4.000 денари додека направената материјална штета е неколкупати поголема и дополнително ќе се утврдува.