Вчера во 12,00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Војводинска“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот К.Л. од Прилеп, удрило во 83-годишната Н.В. од Прилеп, извести МВР.
– По несреќата Н.В. била префрлена во Градската болница Прилеп каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.