Тешко повреден пешак во Кавадарци


Кавадарци, 26 јуни 2018  – Седумнаесетгодишен кавадарчанец бил тешко повреден при сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 22:30 часот на  улицата  „Шишка“  во Кавадарци.



– Станува збор за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „фолксфаген  голф” со кавадаречки регистарски броеви управуван од Д.Д.(30) од Кавадарци, моторцикл  марка „хонда ЦБР 900“ со кавадаречки регистарски броеви  управуван од С.Л.(21) од село Марена – кавадаречко и пешак од Кавадарци, појаснува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен  во Клинички центар во Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот на моторциклот.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Кавадарци.