Вчера попладне во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот У.И. од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, извести МВР.
– По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.