Пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров. Според очевидци, жена која минувала на пешачки премин била удрена од автомобил Мерцедес со скопски регистарски таблички.
Во моментов граѓани и лекари од Брза помош се на лице место. Здравствената состојба на жената во овој момент е непозната.
Според очевидци, ударот бил силен, што може да се види и од оштетувањата на самото возило.
Револтирани граѓани кажуваат дека на оваа раскрсница и на семафорите кај општината многу често несовесни возачи буквално прелетуваат. Не почитуваат ни семафори ни полни линии. Прашуваат зошто полицијата не превзема ништо за да овој тренд престане!? Велат дека има многу деца кои проаѓаат тука и е навистина страшно.