Тепачка во Неготино, физички напад во Кавадарци


Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава  во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Синоќа околу 22.30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов“ бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.

Утрово, пак, во 4.10 часот во Полициската станица Кавадарци,  М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3.50 часот на улица „Цано Поп – Ристов“ бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27).

– По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Додевски.


Вести

Лондон: Очекуваме ширење на епидемијата на коронавирусот

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените. – Сите жртви досега беа од континентална Кина. Меѓутоа, ова е ситуација […]

Вести

СОНК: МОН не смее да дава предлози за формирање нов универзитетски синдикат

–  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК реагира во однос на дел од ставовите што вчера ги соопшти Министерството за образование и наука во врска со начинот на зголемување на платите во […]

Вести

Во почетокот на февруари ќе се знае методологијата за утврдување на имотната состојба на судиите

-До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што […]