СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.П.(61) од Велес


СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.П.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 09.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација поради контакт со заболен од Ковид 19.