СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од с.Теново, тетовско


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од с.Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.11.2019 во с.Пирок, тетовско, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген бора“, управувано од М.И.(55) од с.Синичане, тетовско, во кое сопатник бил пријавениот. При извршен преглед на лицата и возилото, кај пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „Ц3/ТТ“ 7,62 мм и две рамки со 17 куршуми за кои не поседувал дозвола.

 


Вести

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на […]

Вести

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

– Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во […]

Вести

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

–  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот […]